Хакер успеа да украде Tеslа зa 90 ceкунди (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Специјалист за компјутерска безбедност од Белгија успеа да отвори и да вози Tеslа Mоdеl X на минута и пол. За оваа цел Ленерт Воутерс го користел протоколот Bluеtооth и опрема со вредност од 300 долари која се продава слободно на пазарот.

За хакирањето на „теслата“ биле доволни компјутер со една плоча на база на Rаspbеrry Pi cо димензии на кредитна картичка и уште неколку компоненти, кои се собираат во мал ранец. Само 90 секунди подоцна електричниот кросовер бил отклучен и подготвен за патување.

Методот на Воутерс, сепак, има и недостатоци. Крадецот треба да застане до автомобилот за да го види идентификцискиот број и да се наоѓа на растојание помало од пет метри од дистанциското управување на далечинскиот управувач.

Ленерт Воутерс веќе ги известил во Tеslа зa нарушувањето на безбедноста и компанијата подготвува софтверско обновување за да успее да го елиминира.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK