На почетокот на пролетта и на крајот од есента најчесто ги менуваме гумита. И тогаш слушаме најразлични информации на што да внимаваме кога купуваме гуми, како да ги чуваме, како да ги менуваме. Некои дури ги читаат и сите ознаки на гумата велејќи дека така ќе препознаат дали истите се „прва класа“. И навистина на гумата има многу информации што може да ви дадат одговор на некои прашања.
Но, покрај основните ознаки на автомобилските гуми кои зборуваат за димензии и карактеристики на гумите на надворешната страна на гумите можат да се најдат и различни дополнителни ознаки.
Дополнителните ознаки на гумите се однесуваат на нивните „нестандардни“ перформанси осносно посебни карактеристики и намена. Ознаките, главно настанале како скратеница од англиски термини, а ова се најчестите:
- RF – Reinforced – дополнително засилена гума.
- ROF ili RFT – Run-On-Flat или Run-Flat – гума со која е можно да се продлолжи возењето и доколку биде дупната, со тоа што таквото возење е ограничено на најмногу 160 километри и на брзина од 90 км/ч.
- XL – Extra Load – гума конструирана за возење под големо оптоварување.
- M+S – Mud and Snow – гума конструирана за возење по кал и снег, која може да се најде на некои модели на зимски или гуми за сите годишни времиња.
- TT – Tube Type – гуми кои имаат внатрешна гума.
- TL – Tubeless – гуми кои немаат внатрешна гума (што е случај со повеќето денешни пневматици).
- C – гуми за полесни товарни возила.
- TWI – Tread Wear Indicator – гуми со индикатор за потрошен газечки слој, кој покажува кога гумата е потребно да биде заменета.
- TEMPERATURE – ознака која покажува колку гумата е отпорна на зголемување на температурата на патот (каде што А е највисока, а С најниска оценка).
- TRACTION – гума со голем степен на способност за запирање.
Се разбира дека важно е да имате соодветни гуми на возилото според временските услови и да се однесувате одговорно на патот.