Губење на идентитетот или не!? Новиот SUV на Alfa на платформа на Opel

ОБЈАВЕНО НА:

Процесот на спојувањето на FCA со PSA Групацијата влегува во завршна фаза. Единствено што во моментов се чека е давањето на зелено светло од страна на Европската Унија чије тело треба да оцени дали ова спојување ќе ги наруши анти-монополистичките правила.

Во меѓувреме, развојот на новите модели се спроведува како веќе двете компании и да се споени. Доказ за тоа е последната вест според која новиот SUV на Alfa Romeo ќе се темели на истата платформа и технологија како и Opel Mokka.

Станува збор за кросоверот Tonale кој беше најавен уште минатата година. Сега AutoBild објави фотографија и вест на која јасно се приметуваат и дизајнерските црти “позајмени” од Mokka.

Дополнително, Tonale ќе се темели на CMP платформата, истата онаа која ја користи Mokka, а ќе ги дели и моторите. Покрај стандардните бензински мотори, Alfa Romeo Tonale ќе располага и со електричен мотор од 100 kW однсоно 136 КС и 260 Nm обртни моменти. Максималната брзина би била ограничена на 150 км/ч, пред се поради заштеда на електрична енергија, а автономијата ќе изнесува 322 км со едно полнење.

Оваа вест не им се допадна на љубителите на Alfa Romeo. Најголем дел од реакциите се дека овој бренд ќе го изгуби препознатливиот идентитет и со потчинувањето на PSA Групацијата ќе ја изгуби и оригиналноста.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK