Групацијата VW на пат кон рекорд

ОБЈАВЕНО НА:

Според податоците кои се објавуваат групата Volkswagen се наоѓа во добра позиција да успее да се консолидира после аферата „Дизелгејт“. Ориентирањето на електричните автомобили донесоа добри бројки, а во првите осум месеци од 2018 година германскиот концерн низ своето има продадено 7.302.500 автомобили што е за 7,5 проценти повеќе во однос на периодот од јануари до август минатата година.

Најголемиот пазар на Volkswagen групацијата и понатаму е Европа каде се продадени дури 3.155.400 возила досега што е за 10 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Според бројот на продадени автомобили следува пазарот во Азија каде е забележан пораст на продажбата од 6,8 проценти. На 3. место е Северна Америка каде VW има продадено 631.500 автомобили со што има пораст на продажбата од 0,2%, додека на последното место е Јужна Америка со пораст на продажбата од 13,3 проценти.

Патничките автомобили на групацијаа Volkswagen и понатаму се најпродавани со оглед на тоа што се продадени 4.137.900 автомобили, додека после нив следуваат возилата од Audi (1.268.600 автомобили).

Комерцијалните возила на VW групацијата се продадени во 336.000 примероци, а после нив следуваат автомобилите од компаниите  MAN (85.900) и Scania (60.200).

Август е еден од подобрите месеци за компанијата според бројот на продадени модели бидејќи во текот на тој месец се продадени 513.300 автомобили од Volkswagen, додека 153.900 се од Audi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK