недела, 25 декември, 2025 година

Грција има построги закони во сообраќај – за овие прекршоци следува затвор!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На самиот почеток на туристичката сезона се поактуелни се текстовите со кои возачите се предупредуваат на зголемените казни за сообраќајните прекршоци во Грција. Најчесто покрај паричната казна полицијата може да ви ги заплени регистерските таблички или пак да во ја одземе возачката дозвола.

Но, во Грција има и построги казни во сообраќајот. За една може да заглавите затвор и тоа до една година. Тоа може да ви се случи ако налетате на контрола и полицијата утврди дека сте пијан а возите. Новиот кривичен законик на земјата стапи на сила во понеделникот.

- Advertisement -

Одредбите што се однесуваат на возачите се наведени во чл. 290 А “Опасно возење”, во кој се дефинирани следниве казни:
кој вози во пијана состојба или под влијание на дроги или вози по национален или спореден пат во спротивната лента, во пешачки зони, на тротоар, или вози технички неисправен или преоптоварен автомобил, или учествува во трки и причинува ризик за човеотк, се казнува со затвор најмалку една година.

Ако во истите случаи биде предизвикана опасност за странски имот, казната е затвор за период до 3 години или парична казна, а кај предизвикување инвалидитет или штета врз јавни објекти казната е затвор под строг режим до 10 година

Ако кај наведените случаи биде предизвикана смрт на друго лице, е предвидено лишување од слобода под строг режим за период од најмалку 10 година. Во случај на предизвикување смрт на поголем број луѓе судот може да определи доживотен затвор под строг режим.

Па сега вие размислете. Кога сте на одмор пијте лимонада и фрапе!

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја