GROUPE RENAULT обезбедува 1300 возила за медицинските работници во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата GROUPE RENAULT објави дека обезбедува дури 1300 автомибили за потребите на медицинските работници во Франција. Од нив 300 се претставници на целосно електричното ZOE. Електромобилот е дел од услугата за заедничка служба ZITY, која функционира на територијата на Париз.

Претставниците на Renault ZOE се достапни за користење од страна на медицинските работници преку сопствената интернет мрежа, а иницијативата има за цел да ја олесни најмногу што е можно работата во нивното секојдневие.

Првично, новата услуга ќе биде достапна за вработените во девет болници во Париз, а претстаниците на електромобилот веќе се расположени во близина до нивните згради. Од GROUPE RENAULT информираат дека вработените ги исполнуваат своите задачи, а претставниците на компанијата ќе се грижат за возилата, ќе ги полнат и ќе ги дезинфицираат.

Надвор од Париз, медицинските работници можат да сметаат на автомобили од GROUPE RENAULT, кои ќе бидат достапни преку дилерската мрежа на брендот во Франција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK