Во време кога многу импортери на возила во Македонија имаат само по еден изложбено продажен салон, тимот на Толту Мотор реши да се шири, и тоа надвор од Скопје. Покрај салонот во Скопје, сега возилата на кинеската компанија Great Wall може да се видат и купат и во Штип. На само неколку километри пред Штип, на магистралниот пат кон Кочани, Радовиш и Струмица е отворен новиот изложбен салон на компанијата Prima Inakso.
Толту Моторс ги реализира своите идеи за ширење на дилерската мрежа низ повеќе македонски градови, каде првата станица е Штип. Во моментов ова ќе биде нивниот нов центар за пласман на возилата на Great Wall за овој регион, а беше потенцирано дека веќе во иднина ќе следат уште неколку слични во други делови од земјава. Во моментов центарот располага со изложбен дел со големина од близу 400 квадратни метри.
Толту Моторс близу три децении е една од водечките компании во автомобилската индустрија на овие простори. Веќе седма година тече договорот меѓу Толту Моторс и филијалата на кинескиот гигант, Литекс Моторс од Бугарија, за дистрибуција на возилата од програмата Great Wall, а наскоро и на неговите подмарки. Пре Толту Моторс на располагање на македонските купувачи им се пик-ап возилото Steed 5, кросоверот Hover H5, потоа Hover H6, кои се одлично познати на нашите клиенти, а други ќе пристигнуваат сукцесивно во текот на оваа и почетокот на идната година. Новите три изданија се, две од програмата на подмарката специјализирана за кросовери, на кои посебно се горди Кинезите, Haval H2 и Haval H6, како и новата верзија Steed 6, кои веќе имаа свое европско деби на салонот за автомобили во Софија. Haval H2 и Steed 6 наскоро ќе ги видиме и на нашите патишта.
-Задоволни сме што отвораме во соработка со Prima Inkaso нов салон за продажба во Штип. Ова е објект со кој Толту Моторс ќе се обиде да го приближи брендот кон клиентите во овој регион, кои едноставно ќе се уверат во високите вредности и квалитети на возилата кои ги нудиме. Ние во Great Wall сме посебно горди со својот нов бренд Haval, компанијата продолжува со проширувањето надвор од Кина, главно со аспирации за поцврсто присуство во Европа и САД. Минатата година брендот имаше реализација од 860.000 SUV единици, што ја направија поуспешна од други брендови. Ако на овој бренд му верува светот, зошто не и нашите купувачи во целата држава, па и овде во Штип, потенцира Сашо Трпковски, првиот човек на Толту Моторс.