Great Wall пушти електромобил за сечиј џеб

ОБЈАВЕНО НА:

Младиот кинески бренд ORA, кој му припаѓа на гигантот Great Wall, пушти во продажба буџетен електромобил со основна цена од 7.875 евра. Дури и да се порача со сите можни додатоци цената на R1 чини максимум 9660 евра.

Симпатичното градско мини има електромотор со моќност од 48 коњски сили. Се нуди во три модификации, кои освен по нивото на опрема се разликуваат и по бројот на километри кои може да се поминат со едно полнење. Разликата е од 310 до 350 километри.

ORA го претстави R1 на саемот во Пекинг во текот на пролетта, а самиот бренд беше создаден од страна на Great Wall точно пред една година. Засега Кинезите немаат планови ова возило да го нудат на други пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK