Great Wall има силен конкурент за Mini и Smart (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Great Wall ја проширува својата дејност насекаде каде што има растечки пазарен интерес и компанијата веќе има и готов мал градски електричен автомобил во понудата на најновата подмарка Оra. Таа е филијала на Great Wall, создадена специјално за развојот и продажбата на електромобилите. Кинескиот производител веќе го покажа моделот, кој дефинитивно изгледа како силен конкурент за Mini и Smart.

Очигледно местоположбата на безимениот новитет (засега е планирано името Ora R2, но официјално тоа име нема да остане) е големиот пенаселен град. Новиот кинески електромобил се покажа доста компактен за намената – должината е 3.625 мм (растојание меѓу оските 2.490 мм), ширината е 1.660 мм, а висината – 1.530 мм.

Новиот електричен автомобил на Great Wall изгледа убаво, а силуетата на онаа на јапонските „кеј“ автомобили што е доста невообичаено за кинеската автомобилска индустрија. Дизајнерите се воздржаа од глупави трикови и работеа правилно на појавата на нови елекменти. Впечаток остава смирениот надворешен изглед на главната оптика, контактниот дизајн на браникот и ефектните задни светилки, како и елегантната форма на страничното стакло.

Се очекува техничкиот дел на новиот автомобил да ја користи платформата Ora R1. На тој начин автомобилот ќе добие електромотор со моќност од 48 коњски сили и по избор на купувачот два пакети на батерии – 28 кВтч (најавена километража од 300 км) и 33 кВтч (350 км). За R1 Кинезите бараат 14.000 долари. Новиот електричен Great Wall се покажа малку поголем така што веројатно ќе биде и малку поскап.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK