Great Wall Hover сo нов револуционерен дизајн

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот Great Wall Hover се појави во 2005 година и оттогаш претрпе неколку обновувања. Дојдено е време за сериозно обновување на Hover, што веќе е одделен како самостоен бренд Haval во рамки на концернот Great Wall. Прв на револуционерната промена ќе се радува моделот H5 во идната негова втора генерација.

Моделот и досега си ја освои репутацијата да биде издржлив, сигурен и доволно прооден СУВ благодарение на докажаната конструкција на Isuzu Axiom, на чија база на времето беше развиен првиот Great Wall Hover. Сега Кинеците изненадувањат и со сосема поинаков модел, но со задржување на структурата на рамната конструкција и целосен погон. Техничките детали за новиот модел засега не се соопштуваат.

И ако првото издание на автомобилот потсетуваше на јапонскиот модел, новото само отвора нова ера во дизајнот не само на овој модел, туку и на другите идни модели на брендот Haval.

Во новиот дизајн дефинитивно се чувствува влијанието на класиците во жанрот, што го нудат од Ford и Toyota, но дефинитивно нема непријатен плагијат и копирање. Донекаде се гледа и духот на причуениот гелендеваген на Mercedes, но ако се бара навистина некаква сличност тогаш повеќе познатиот теренец Lamborghini LM002.

Големите решетки и округлите фарови се новите карактерни елементи, а купето со неговата причилно неутрална форма ќе ги воодушеви купувачите, кои не се комплетно готови да ги прифатат новите радикални дизајни на некои теренски автомобили, најмногу од Јапонија. Останува да се почека на премиерата на автомобилот за да се дознаат повеќе детали за неа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK