Great Wall го покажа одговорот за G-Classe и Land Cruiser (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот кинески автомобил ги комбинира карактеристиките на Mercedes Gelendvagen како тркалезни фарови и голема лажна решетка со едноставна форма, но нејзината силуета потсетува на онаа на Toyota Land Cruiser. Исто така може да се видат и нешта од дизајност на такви автомобили како што се Jeep Renegade и Suzuki Jimny.

Подружницата Haval на кинеската компанија Great Wall подготви нов модел, што е инспириран од најдобрите големи СУВ на пазарот. Од првата информација за автомобилот стана јасно дека наскоро на пазарот ќе се појави потенцијално најдобриот кинески СУВ. Станува збор за нов модел, кој ќе стане флагман на специјализираниот бренд Haval во производството на СУВ автомобили.

Дизајнот на новиот Haval, чие име сè уште не е познато, може да биде опишан накратко како зближување на најдоброто од топ класата на СУВ возилата. Засега моделот се води под внатрешен индекс B06, кој со сигурност ќе биде заменет со нешто позвучно име од пред почетокот на продажбите.

Новиот кинески автомобил ги комбинира карактеристиките на Mercedes Gelendvagen како тркалезни фарови и голема лажна решетка со едноставна форма, но нејзината силуета потсетува на онаа на Toyota Land Cruiser. Исто така може да се видат и нешта од дизајност на такви автомобили како што се Jeep Renegade и Suzuki Jimny.

Сепак, како целост новиот СУВ на Great Wall не копира никого туку само навлегува во модната тенденција на ретро дизајнот во СУВ сегментот. Судејќи по доста информативните фотографии, кои целосно го откриваат надворешниот вид на моделот, дизајнерите успеаја многу добро во задачата. Храбро може да се каже дека кинеската автомобилска индустрија сè уште нема покажано досега толку стилски модел.

Во однос на техничкиот дел сè уште нема многу информации. Најверојатно во бензиновата понуда ќе се најдат два бензинови четирицилиндрични турбо мотори со обем од 1.5-литри и 2.0-литри. Со сигурност производителот ќе го предложи системот за погон на сите тркала најверојатно како дополнителна опрема. Не се знае исто така дали автомобилот нема да има корист во основната структурна рамка.

Продажбите на пазарот на Небесната империја ќе почнат во втората половина на 2020 година, а потоа моделот ќе се нуди и на странските пазари важни за брендот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK