Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис по повод на светскиот ден на околината го претстави амбициозниот план на Грција во поглед на намалувањето на загадувањето.
Целта на Премиерот е до 2030 година, секое трето возило во Грција да биде електрично, пренесува Екатерини.
За та цел се предвидува повеќе имплементациони фази. Првата фаза подразбира финансиска помош за физичките лица и бизнисите кои ќе се одлучат да го заменат своето возило со електрично односно поеколошко.
Дополнително, Владата ќе набави електрични службени автомобили во наредните 18 месеци, а за “зазеленувањето” на возниот парк ќе бидат потрошени 100 милиони евра.