Повеќе специјализирани сајтови за автомобилизам ја пренесоа веста дека Toyota ќе ја лансира GR верзијата на Corolla во текот на 2023 година.
AutoCar објави и рендер од можниот изглед на кој се забележуваат значителни измени. Очекувано, изменети се предните и задни браници, додадени се нови алуминиумски фелни како и прагови.
Под хаубата би требало да биде достапна со 1,6 литарски трицилиндрен турбобензински мотор каков што има и Toyota Yaris GR, а останатите технички каркатеристики остануваат непознати.
Инаку актуелната 12-та генерација на Corolla во производство се појави во 2018 година што практично значи дека GR верзијата доаѓа пет години по премиерата на основниот модел.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]