„Господин“ – Направил листа на омилени автомобили и почнал да ги краде

ОБЈАВЕНО НА:

Сите ние, вљубеници во автомобилите имаме листа на автомобили кои би сакале да ги возиме односно поседуваме. Овие листи често вредат и над 100.000 евра, па од финансиски аспект не сите можеме да си го допуштиме.

Но финансиите воопшто не беа пречка за 42 годишен Баскијец кој направил цела колекција на своите омилени автомобили.

Тој, како што пренесува полицијата во Баскија, години наназад успеал да украде 26 автомобили кои ги складирал на една фарма. Од бројните возила, тој успеал да украде MBW E30, BMW E36, Ford Escort RS Cosworth, Ford Sierra RS500, Lancia Delta HF Integrale, Mitsubishi lancer Evolution, Renault 5 Turbo, Peugeot 205 GTI и други.

Полицијата при претресот кај него пронашле огнено оружје за кое немал дозвола како и 10 илјади евра во кеш. Тој е веднаш лишен од слобода и се наоѓа во притвор, а автомобилите по завршување на судскиот процес ќе бидат вратени на сопствениците, пренесуваат шпанските медиуми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK