Горлиер нов шеф на FCA во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Реогранизацијата која започна по смртта на Маркијоне и натаму е популарна во круговите на FCA. Последно за што пренесуваат добро упатените извори од FCA е дека европската дивизија на FCA ќе добие нов шеф.

Местото шеф на FCA во Европа е празно откако Алфредо Алтавиља во август си поднесе оставка порадни неговото неназначување за прв човек на FCA. Најсериозен кандидат за пополнување на оваа позиција е Пјетро Горлиер кој во моментов е извршен директор во Magneti Marelli и Mopar, компании во сопственост на FCA.

Горлиер (55) е по потекло од Торино, градот каде се лоцирани најзначајните активности на оваа групација. Во Fiat дојде во 1989 година кога беше вработен како пазарен аналитичар за Iveco, а од тогаш па се до денес постојано бележи напредок во својата кариера. По спојувањето на Fiat со Chrysler, Горлиер се сели во Детроит каде извршува неколку менаџерски активности, а во 2015 година е назначен за извршен директор во Magneti Marelli.

Блумберг пренесува дека неговата позиција во итлаијанската компанија за производство на компоненти за авто индустријата ќе биде пополнето со некој од досегашните заменици директор, а рокадата доаѓа и по веста дека оваа компанија конечно ќе биде продадена на Calsonic Kansei.

Магазинот пренесува дека идниот шеф за Европа ќе биде исправен пред големи предизвици, а главна цел ќе биде згоелмувањето на маргиналната стапка на профит како и враќање на Alfa Romeo на старите патеки во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK