Google објави: Ова се најпребаруваните авто брендови на интернет

ОБЈАВЕНО НА:

Google ги објави најпребаруваните брендови на овој интернет пребарувач по земја.

Од мапата прикажана во продолжение од прва може да се види доминацијата на BMW на сите континенти. Германскиот бренд е најпребаруван во дури 137 држави во светот, а вистинска доминација има во Европа каде само во четири земји (Исланд, Норвешка, Финска и Швајцарија) тој не е најпребаруван бренд.

На втората позиција се наоѓа Toyota која е најпребаруван бренд во Австралија, Тајланд, Исланд, Финска, Парагвај, Чиле, Перу, Боливија и неколку други земји од Африка и Азија.

Во топ пет најпребарувани авто брендови се наоѓаат уште и Mercedes, Tesla и Chevrolet.

За жал на фотографијата нема информација кој бренд најмногу се пребарувал во Македонија и на Косово. Нема информација зошто не постои таков податок.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK