Еден од најголемите произведувачи на гуми за автомобили Goodyear успеа да развие автомобилска гума на иднината под назив Оxygene со жив мов кој расте на страничниот ѕид на гумите.
Се очекува до 2050 година повеќе од две третини од светската популација да живее во градовите, па на тој начин и потребите за сообраќајни мрежи во урбаните средини значително ќе порасне.
Goodyear со новата концепциска гума Oxygene претстави едно од можните решенија за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите. Иновацискиот концепт на автомобилските гуми беше презентиран и на саемот во Женева така што можеше на дело да се види како ќе изгледа гумата на иднината.
Од друга страна, отворената структура и „паметен“ дезен на газечкиот слој на пневматици ја апсорбираат влагата и водата од површината на патот за потребата на растењето на мовта, која потоа со фотосинтеза во воздухот ослободува кислорот.
„Умната“ и зелена инфраструктура и „умниот“ транспорт ќе бидат најважни при решавањето на предизвикот со мобилноста и развојот на градовите.
Според мислењето на Светската здравствена организација повеќе од 80 проценти од луѓето кои живеат во урбаните средини на кои се мери загаденоста на воздухот се изложени на загаденост која ги надминува границите.
Концептот на гуми Oxygene нуди повеќе ефикасни решенија за подобра иднина.
Чистење на воздухот кој го дишиме
Со помош на единствениот надворешен слој ја апсорбира влагата од патот, користи јаглерод-диоксид од воздухот и така ја „храни“ мовта на својот страничен ѕид. Мовта потоа со фотосинтеза ослободува кислород.
Во градот голем како Париз, со приближно 2,5 милиони возила тоа годишно би значело речиси 3.000 тони створен кислород и повеќе од 4.000 тони апсорбиран јаглерод-диоксид.
Рециклирање на потрошените гуми
Конструкцијата на гумите Oxygene е испринтана со 3D техника со гумен прав од рециклирани гуми. Лесната структура која ги ублажува ударите претставува цврсто решение, без опасност од пробивање.
Гумата така има подолг век на траење и бара минимално сервисирање.
Дополнителна сигурност обезбедува отворената структура на гумите бидејќи допринесува за апсорбирање на вода со надворешниот слој и на тој начин го подобрува и движењето на влажната подлога.
Создавање на сопствена електрична енергија
Oxygene ја собира електричната енергија која се создава со текот на фотосинтеза и со неа ја полни вградената електроника вклучувајќи ги автомобилските сензори, процесори со вештачка интелигенција и адаптирачки светлосни ленти на страничниот ѕид на гумите кои со преклопување на бои ги предупредуваат учесниците во сообраќајот и пешаците за маневрите кои би требало да се направат како што се на пример промена на лентата на возење или кочење.
Комуницирање со брзина на светлината
За мобилно поврзување со брзина на светлината со високи перформанси Oxygene користи систем за комуникација со помош на светлоста (или LiFi).
LiFi и обезбедува на гумата поврзување со интернет (Internet of Things) и на тој начин овозможува размена на податоци меѓу возилата (vehicle-to-vehicle – V2V) и меѓу возилата и инфраструктурата (vehicle-to-infrastructure – V2I), што е за системи за управување на умната мобилност од клучна важност.