Golf VIII пристига во 2019 година, а со системите ќе се управува со допир

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сите компании се насочуваат кон електронските возила, сепак, фирмите не забораваат и на класилните модели. Веќе се работи на новиот модел на Golf, а тој би требало да биде промовиран на крајот од 2019 година. Се работи за Golf VIII, а покрај него се работи и на новата генерација на Polo кое би требало да се појави на пазарот во 2022 година.

Во VW веќе работат засилено на електронските возила и најавено е дека до 2025 година ќе бидат претставени 30 различни возила, а во развојот на батериите ќе бидат вложени повеќе од две милијарди евра.

Покрај ова во меѓувреме ќе има претставување и на неколку спортски верзии од актуелните автомобили како што се Up GTI со 115 коњски сили, а цената би требало да изнесува 16.975 евра. Ќе има промоција и на Tiguan R кој ќе користи турбо бензинец со зафатнина од 2,5 литри и со 400 коњски сили, а истиот е презенам од Audija RS3 и Audija TT.

Што се однесува од осмата генерација на Golf нема да има големи дизајнерски измени. Гизелгејт скандалот го одложи лансирањето на Golf VIII за 2019 година. Највоочливата промена ќе биде името кое ќе биде испишано на средниот дел на задните врати. Во однос на кокпитот сè ќе биде ново и поинакво од она што е познато. Класичните инструменти ќе бидат заменети со голем дигитален екран, по пример на „S-klasa“, а со системите ќе се управува со допир или со гест.

Во однос на моторот, влезната верзија ќе биде трицилиндричен бензинец со 95 или 116 коњски сили, додека 1,4 агрегатот ќе му го препушти своето место на 1,5 со 130 и 150 коњски сили.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK