Golf MK2 кој се продава за 100.000 долари: Зошто е толку посебен (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Која станува збор за спортските верзии на Golf, сигурно веднаш ќе речете, „да тоа е R“. Со него лесно се минуваат свиоците, се ужива во возењето и имаш спортски автомобил…. И тоа е нешто познато последниве две децении, особено кога се појави R32.

Но, повеќе од една деценија пред R32 да излезе на улиците, имаше уште еден жежок фабрички Golf кој ги ма истите каратеристики. Тоа е Golf G60 Limited и од овој модел се произведени само 71 возило од VW Motorsport.

Во доцните 80-ти од минатиот век, брзиот Golf на Volkswagen се појави со 8-вентилски GTI со 110 КС, а потоа се засили до GTI 16v од 137 КС, кој го користеше истиот мотор со глава со четири вентили. VW понуди и верзија на моторот со 8 вентили со моќност од 158 КС, кој беше вграден во купето Corrado, Golf G60 и Golf Rallye кој се обиде (и не успеа) да се справи со Lancia Delta Intregrale во WRC.

 

Golf G60 Limited

Моделот G60 Limited ја доби комбинацијата од соништата со двојна брегаста глава со 16 вентили GTI со брз одзив на ниско ниво на вртежен момент на автомобилите со 8 вентили, што резултираше со огромни 207 КС, што го прави речиси двојно помоќен од стандарниот GTI.

Моторот исто така генерира вртежен момент од 252 Нм. што беше прилично цврсто за тоа време, така што Volkswagen го насочи низ Golf Syncro хардверот за пренос со погон на сите тркала за да се осигура дека ништо од моќта на G60 не е залудно потрошено. Фабриката цитираше време на забрзување од нула до 100 км/ч за нешто повеќе од 6 секунди, што ја направи сериозно моќна за тоа време.

Иако Limited беше достапен само со волан од левата страна, неколкумина го пронајдоа патот до В.Британија вклучувајќи го и овој, кој пристигна во 2007 година и сега е на продажба за сериозни 79.995 фунти (околу 98.000 долари ). Број 16 од 71, покажува минати 67.680 милји (108.900 км) и има свежа боја и внатрешно преобликување за да изгледа како нов, како и неколку надградби на погонската единица за да оди подобро од ново, вклучувајќи надграден компресор, издув од нерѓосувачки челик…

Прашањето е дали има некој што би ј аплатит бараната цена – 100.000 долари.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK