Golf GTI 8 – „Динамична и чиста естетика

ОБЈАВЕНО НА:

„Динамична и чиста естетика“ е мотото на шефот за дизајн, Клаус Бишоф и за брзиот новодојден модел во понудата. Промените во споредба со поелегантните верзии на Golf не се радикални, но можат да се видат на прв поглед. GTI изгледа побрз, дури кога е неподвижен, тркалата од 19 инчи се чини дека го туркаат напред.

Кога повеќе од 2,3 милиони ќе одлучат да купат нешто тогаш е јасно дека нема како да се направи грешка во изборот. Толку возила VW Golf GTI се продадени до крајот на 2019 година. Трите букви се синоним на многу динамика притоа на достапни цени. Производителот од Долна Саксонија сака да ја продолжат оваа историја на успех со новиот Golf 8 GTI. И шансите се навистина добри.

Зошто GTI со број 8 е, така да се каже, произлегување од целокупното искуство кое Volkswagen го има после раѓањето на концептот за компактни спортски автомобили, создаден во 1975 година. „Динамична и чиста естетика“ е мотото на шефот за дизајн, Клаус Бишоф и за брзиот новодојден модел во понудата. Промените во споредба со поелегантните верзии на Golf не се радикални, но можат да се видат на прв поглед. GTI изгледа побрз, дури кога е неподвижен, тркалата од 19 инчи се чини дека го туркаат напред.

И Volkswagen ветува дека овој впечаток ќе биде потврден со 100 проценти од новата возачка варијанта во акција, поради 2.0-литарскиот турбо мотор со директно вбризгување (TSI) со 180 кВт/245 коњски сили, кои обезбедуваат максимален вртежен момент од 370 Нм. Рачниот шестстепен менувач е инсталиран стандардно. Опциски се нуди исклучително брз 7-степен менувач со двојна спојка. Електронски ограничената максимална брзина е 250 км/ч и во двата случаи VW планира речиси да и испорача повеќе вредности.

Новиот GTI се карактеризира со полна мрежна врска и максимално опремување со електронски асистенти и дигатални понуди. Во видното поле на возачот е 10,25 инчен дигиталент кокпит кој се спојува со 10-инчен навигациски систем за да биде образуван „Innovision Cockpit“. Контролата на климата и системот за стартување без клучеви истотак се стандардни, колку и Lane-, Front- и Park-Assist, а како опција постои и Travel Assist.

Целта на развивачите била да се постигне зголемено задоволство од возењето низ уште пофлексибилно и неутрално управување и однесување при возењето, повеќе контакт при вртењето во свиоците при поголеми брзини, поголема стабилност при возењето и прецизност до граница, плус многу добра предвидливост на реакциите на автомобилот.

На предната оска, на пример, тоа се постигнува преку ново прилагодените лежишта, федери, амортизери за сопирање и хидраулика на амортизери со дополнителна нова софтверска апликација за шасијата DCC и алуминумска подрамка, оптимизирана за цврстина и со заштида на тежина од три килограми. Меѓудругото, лагерите на носчот на задниот мост истотакасе други, инсталиран е нов држач за тркала, а ажуриран е софтверот DCC.

Електронски контролираното блокирање е проектирано да гарантира оптимален контакт, за поголемо забавување при возењето и подобри перформанси. Изборот на профилот за возење и прогресивно управување исто така се подобрени.

Има сеопфатна актуелизација, која дозволува непрекинат избор меѓу максималната удобност и интензивен спорт. Менаџерот за динамика на движењето го презема контролирањето и регулиањето на електромеханичките функции на шасијата на секоидве стотинки од секундата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK