Golf го доби и најновиот 1.5 TSI со 150 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Во иднина при нарачка на Golf можете да го одберете и најмодерниот мотор, 1.5 TSI Evo со 150 КС. Четири цилиндричниот бензински мотор има директно вшприцување, турбо и АCT (Active Cylinder Management). Истиот мотор може веднаш да се нарача и се нуди од Comfortline нивото на опременост. Почетната цена за Golf со овој мотор е 24.350 евра, а за караванската верзија е 26.400 евра.

Овој 1.5 литарски TSI има максимална моќност од 250 Нм. вртежен момент при 1.500 вртежи. Според NEDC (New European Driving Cycle) потрошувачката за оваа верзија со мануелен менувач е 5 литри на 100 км. и испушта 114 г/км. ЦО2. Во комбинација со 7 степен DSG, просечната потрошувачка е 4,9 литри на 100 км.

Кога се патува до брзини до 130 км/ч. и во распон од 1.400 до 4.000 вртежи тогаш ACT исклучува два од четирите цилиндри, во зависност од оптоварувањето. При ова исто така и потрошувачката на гориво и на емисија на ЦО2 се намалува.

Во средината на годинава ќе биде на располагање и уште една варијанта на овој 1.5 литарски TSI само со 130 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK