Според последните информации од JATO Dynamics кој што врши истражување на автомобислкиот пазар во Европа, во октомври најпродаван автомобил бил Volkswagen Golf.
Вкупната продажба на возила е намалена за 0,5 отсто, на ниво од 1.140.978 возила.
Само во октомври се продадени 35.417 возила од марката Golf што е сепак пад од 21,2 отсто. На второто место е Ford Focus кој бележи пораст од 7,5 отсто (22.932 возила), а трет е Volkswagen Polo со 22.272 возила, каде е забележан пад од 9,9 отсто во однос на истиот период лани.
Топ 10 најпродавани модели во Европа за октомври 2016
Renault Clio (21 999, -3.2%)
Opel/Vauxhall Astra (20 525, +55.8%)
Peugeot 208 (18 839, -3.5%)
Volkswagen Tiguan (18 646, +52.5%)
Skoda Octavia (18 253, +3.1%)
Opel/Vauxhall Corsa (17 965, -6.5%)
Nissan Qashqai (17 783, +1.7%)
Топ 10 најпродавни возила во 2016 (јануари-октомври)
Volkswagen Golf (417 424, -8.1%)
Volkswagen Polo (260 360, +2%)
Renault Clio (254 927, +0.3%)
Ford Fiesta (254 522, -5.7%)
Opel/Vauxhall Corsa (228 589, -0.4%)
Peugeot 208 (212 537, +9.9%)
Opel/Vauxhall Astra (211 131, +29.2%)
Nissan Qashqai (198 554, +0.1%)
Skoda Octavia (191 433, +4.4%)
Ford Focus (182 115, -9.6%).