Volkswagen разработува нова хибридна технологија која ќе користи 48-волтен електричен систем. Првпат во сериски продукт технологијата ќе најде свое место во следната генерација на Golf.
Системот ќе користи вграден стартер-генератор, како и компактна батерија. Golf 8 ќе може да се движи по инерција при целосно исклучен ДВГ, што ќе заштедува до 0,3 литри гориво на 100 километри.
На крактика, ваков систем користи и сегашниот Golf 1.5 TSI ACT BlueMotion, но во новата генерација таа ќе биде преработена.
Друг плус за хибридниот систем е тоа што таа ќе дава елетктричен удар на автомобилот при неговото стартување, што ќе биде шанса за покусо време да доаѓа до забрзување, но во исто време тоа и да не се чувствува многу.
Следната генерација на Golf ќе се појави на пазарот следната година, а според планот Германците ќе го почнат производството во јуни во 2019 година.