Golf 8 GTI со 245 КС доаѓа следното лето

ОБЈАВЕНО НА:

Со наближувањето на промоцијата на осмата генерација на Golf која треба да се случи околу Нова година се повеќе се шпекулира со информациии фотографии за неговата спортска верзија. Слично на основниот модел, GTI останува сличен по димензии, иако изгледа поширок благодарение на нешто порамниот кров и поиспакнатите надворешни панели.

Новото издание ги содржи типичните карактеристики на GTI односно трите магични букви на решетката на ладилникот, црвени акценти и спортски амортизери. Покрај тоа VW Golf 8 GTI (2020) е помодерен од кога било претходно. Кај новиот модел дебитира централен компјутер кој се користи за обработка на податоци од системи за следење на околината во реално време и податоците ги претвора во контролни команди. На овој начин е можно да е вози трето ниво или таканареченото „високо автоматизирано возење“ кај кое возачот не мора постојано да го следи системот и превозното средство може да врши самостојно смени на автопатите.

Во однос на карактеристиките на VW Golf 8 GTI, речиси е сигурно дека одново ќе биде воведен 2.0-литарскиот бензин турбо мотор. И покрај тоа се очекува зголемување на моќноста во споредба со сегашниот модел од 220 на 245 коњски сили. GTI Performance ќе има задолжително поголема максимална моќност. Помалата тежина многу придонесува за уште подобра динамика на возење. Што се однесува до забрзувањето со оглед на тоа што сегашниот Golf 7 GTI Performans, развива од 0-100 км/ч за 6,4 секунди, се очекува новиот модел да го направи тоа за 4,9 секунди.

Во целосно дигиталниот кокпит на VW Golf 8 GTI информациите се обезбедени од неколку големи дисплеи. Исто така има можност и за проектирање на важни соопштенија и податоци за возењето на шофершајбната, а лево од воланот се наоѓа контролната површина за функции на осветлување што се чувствителни на допир како централната конзола. Се очекува Golf 8 GTI да има свое деби во текот на летото во 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK