сабота, 25 декември, 2025 година

Големото враќање на Great Wall во Европа: 7 нови модели на пат до 2026

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кинескиот производител Great Wall Motors се подготвува за големо враќање на европскиот пазар. Иако пред само една година ја затвори својата европска централа во Минхен и изгледаше како дефинитивно да се повлекува, компанијата сега отвора сосема ново поглавје.

На Салонот за автомобили во Гуангжу, GWM претстави повеќе од 30 нови модели распоредени меѓу шесте свои бренда – Haval, WEY, Tank, ORA, Poer и Souo – и покани делегација од европски новинари и инвеститори. Дел од овие автомобили се веќе планирани за Европа, а планот е до 2026 година на нашиот континент да пристигнат најмалку седум нови модели, со електрични и електрифицирани погонски единици.

- Advertisement -

Посебно внимание привлече новиот електричен SUV ORA 5 – долг околу 4,5 метри, со ретро линии, модерен дигитален кокпит и технологија насочена кон помлада публика. Моделот е изграден на модуларна платформа што може да прифати различни типови погон, што му дава голема флексибилност за идните верзии.

Меѓу ѕвездите на штандот беше и Tank 300 Polar Edition – теренец во лимитирана серија од 300 примероци, кои се распродадоа за само 15 минути. Моделот е ко-креиран со љубители на оф-роуд возењето, инспириран од експедиција на Антарктикот и опремен со специјална опрема за екстремни услови.

Брендот Haval го покажа моделот Menglong 2026 со хибриден систем Hi4-T, кој веќе има над 150.000 продадени примероци во Кина. WEY пак излезе на сцена со новиот WEY G9 – моноволумен што доаѓа во три верзии и ја користи наградуваната Hi4 технологија. На домашниот пазар веќе е во самиот врв по продажба во својата класа, а наскоро ќе се појави и на други азиски пазари.

Покрај новите автомобили, GWM ја претстави и својата нова генерација на системи за асистирано возење под ознаката VLA, развиена за подобро препознавање на природни команди, процена на ризици и предвидливо однесување на ADAS системите. Новиот систем CP Master првично ќе дебитира во моделите на WEY.

Иако компанијата сѐ уште не ги открива конкретните модели и рокови за Европа, јасно е дека стратегијата е амбициозна. Со присуство во 170 земји и мрежа од над 1.400 продажни и сервисни пунктови ширум светот, Great Wall Motors повторно сериозно погледнува кон стариот континент – овој пат со силен фокус на електрификација и цела палета нови SUV, теренци и семејни модели.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја