Големи проблеми во Subaru – рекламација кај 2,3 милиони автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Subaru Corp. планира гигантска кампања за рекламација, која вклучува 2,3 милиони автомобили ширум светот поради проблем со стоп-светлата, кои може да создадат проблеми со палењето. Од компанијата соопштија дека самата кампања ги вклучува популарните модели Impreza и Forester.

Според истражувањето на The Wall Street Journal експертите на Subaru го поврзале со проблемот со употреба на некои хемикалии користени и секојдневно во продукти како парфеми и омекнувачи. Овие хемикалии можат да фомираат изолациска бариера на некои прекинувачи на автомобилот, спречувајќи го протокот на струјата преку нивните компоненти.

Возилата кои се засегнати со овој проблем се произведени во периодот од 2008 до 2017 година. Ако сите тие автомобили влезат во компанијата за рекламација, тогаш таа ќе биде најголемата за производителот, покрај тековната рекламациска кампања поврзана со неисправните воздушни перничиња на компанијата Takata.

Од крајот на 2017 година Subaru беше погоден од доста проблеми во производите кои беа предизвикани од неисправни компоненти што беше причина за пад на продажбата. Оттаму прогнозата за финансиските резултати на компанијата се на најниско ниво во последните шест години.

Во јануари Subaru го запре производството во единствената фабрика во Јапонија за две недели поради откеиениот дефект во компонентите на серво воланот. На крајот од минатата година беше направена глобална рекламациска акција за боксерските мотори, поврзана со проблем во пружините на вентилите, а беше лансирана и серија за рекламации во Јапонија откако се покажа дека се фалсификувани тест процесите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK