Голем удар за Nissan – ќе мора да повлекува 400.000 возила од САД

ОБЈАВЕНО НА:

Повлекувањето на нови возила во САД е секојдневние. Тоа не е резултат на производствените грешки на производители колку што се строги законските регулативи, како што и всушност треба да биде.

Последното во низа повлекување кое го изрече NHTSA е она на Nissan кој ќе треба да повлече речиси 400.000 возила поради проблем со системот за сопирање кој може да предизвика испарување на течноста за сопирање.

Со повлекувањето опфатен е моделот Maxima произведен помеѓу 2016 и 2018 година, луксузниот кросовер Infiniti QX60, како и моделите Murano и Pathfinder произведени во периодот од 2015 до оваа, 2019 година.

Ова полвекување доаѓа откако пред околу два месеци NHTSA издаде налог за повлекување на нешто повеќе од 500 илјади примероци од моделот Rougue поради слични проблеми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK