Виктор Давидовски беше пред уште една трка со освоени бодови во Топ-10 на Монца во трка од TCR Europe, но на неколку свиоци пред целта автомобилот застана поради дефект и нашиот вoзач остана без пласман. Во моментот на дефект на автомобилот Давидовски беше на 10 место и реално требаше да освои бодови.
Трката ја почна од 16 место и веќе после четири извозени кругови Давидовски стигна до 10 место со неколку успешни престигнувања на оние пред него. Таму имаше конфорно возење и ја одржуваше разликата во однос на оние зад него, се до последниот круг.
Кога се очекуваше Давидовски да заврши повторно на неколку свиоци пред целта автомобилот поради технички дефект застана, и не ја заврши трката, односно официјално имаше еден круг заостанување.
На првата трка во саботата Давидовски ја заврши како 10, а потоа поради одлука на судиите за казнување Сами Тафик, нашиот возач се искачи на 9 место.
Следната трка се вози на патеката Каталуња во Шпанија на 10 и 11 октомври.