До крајот на 2020 година се очекува светското автомобилско производство да резултира со околу 71 милион автомобили поради пандемијата со коронавирусот и рецесијата која ќе следува подоцна.
Овој драматичен пад, кој е далеку поголем од очекуваното од стартот на оваа година веројатно ќе ги чини светските автомобилски концерни со 19 милиони автомобили во загубеното производство за 2020 година. Тоа го велат и податоците од LMС Аutоmоtivе, откако компанијата предупреди, дека овие прогнози можат да се покажат дури и полоши, во зависност од тоа колку брзо се востановуваат големите пазари.
Во Северна Америка, каде што поголемиот дел од автомобилските фабрики остануваат затворени во април, автомобилските концерни се принудени да го забават зголемувањето на производството на некои нови модели вклучувајќи ги и Tеslа Mоdеl Y, Fоrd Mustаng Mасh Е, како и кросоверите на Gеnеrаl Mоtоrs.
Според аналитичарот, во април продажбите на автомобили ќе достигнат најниска точка во Северна Америка и во Европа, додека враќањето на нивото ќе зависи од тоа колку ќе биде „брза“ пандемијата на коронавирусот. Кина веќе ги рестартираше повеќето автомобилски фабрики и прогнозираше пад на продажбите од едвај 12% во текот на годината.