Со оглед на тоа што не произведуваат автомобили во големи серии, луксузните производители на возила не можат често да се пофалат со некој јубилеј кога е во прашање произведената или продажната бројка. Токму со таков јубилеј периодов се пофали Bentley кој објави дека го произведеле 80.000 примерок на моделот Continental GT.
Јублејниот примерок официјално излезе од фабриката на британскиот производител во градот Кру, а истиот доаѓа 18 години откако стартуваше производството на овој модел и претставени три генерации.
Јубилејниот примерок е во т.н. Orange Flame боја и со додатни Blackline и Styling спецификации.