Годините минуваат, ама овие автомобили сите ги сакаат

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај сите можни и невозможни фактори, афинитети, анимозитети, критериуми и карактеристики на светот навистина постојат автомобили кои сите ги сакаат. Делува неверојатно, но е вистинито. Главно сите работи се вртат околу произведувачот на автомобилот или кон некој модел, како и кон размислувањата кои ја опишуваат идеологијата зад еден или друг. Сето тоа се сведува под еден заеднички назив, авто-ентузијазам.

Сепак, главното прашање е: Дали постои автомомобил кој сите еднакво ќе го сакаат
Тука секако е важно како да се постават критериумите, на која страна да се оди со размислувањата, кои гласови да се слушаат, колку разични размислувања да се вклопат во договорот… Затоа на листата се пет автомобили кои се омилени кај сите


5. Volkswagen Golf GTI – прва генерација

Дури и доколку не ве интересираат автомобилите со преден погон на тркалата, Golf GTI од првата генерација е интересен. Се работи за практично возило, едноставно за одржување, релативно евтино и доволно брзо и забавно на дневна база и што и да правите со него на авпатот.

4. Mini Cooper

Од година во година околу овој автомобил се собира сè поголем број на авто-ентузијасти, па цените на овој мал автомобил во денешно време скокаат до небо. Сепак, она со што Mini секогаш ги привлекува луѓето се сведува на неговата едноставност, практичност и апсолутна допадливост.

3. Fiat 500

Идејата околу овој автомобил е речиси иста како и кај оригиналниот Mini. Едноставен и универзално допадлив автомобил, кој е можно да се користи за дневно возење. Евтин е за купување, но и за одржување. Едноставен и во исто време пресладок.

2. BMW 2002

Кога би се бирал автомобил кој е доволно сериозен и конзервативен, а во исто време безвременски и „кул“, тогаш BMW 2002 е присутен во тој избор. Истото важи за едноставното одржување и отпорноста кон времето.

  1. Citroën DS

Не станува збор за шега. Колку некому да му се допаѓа или не, француската авто-индустрија, мора да се признае дека Франузите во доменот на автомобилот практично го дефинираа поимот удобност. Citroën DS е главниот адут во таа дефиниција

Не е скап, и ненормално комплициран. DS исто така отсекогаш важел за револуција. Ова е автомобил кој е еквивалент на Concord на автопатот, што само по себе доволно зборува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK