Mitsuoka е мал јапонски производител на автомобили основан на 1 февруари 1968 година кој е далеку помал и помалку познат во глобални рамки во споредба со другите јапонски производители.
Генерално се занимава со преработка на веќе постоечки модели давајќи им ретро изглед инспириран од модели од европски и американски производители.
Последен новитет на овој производител е моделот Buddy кој се базира на последната генерација на Toyota RAV4, а екстериерно е инспириран од Chevrolet K5 Blazer.
Buddy достапен ќе биде со 11 бои и шест двобојни комбинации. Во однос на мотористиката, во понудата ќе бидат достапни два мотори: 2,0 литарск ибензински мотор со 171 КС како и 2,5 литарски хибриден модел со вкупно 178 КС.
Mitsuoka не откри повеќе фотографии, особено од внатрешноста, а не е позната ниту цената, ниту точниот датум на лансирање.

Следете не и на:

