Го запреле 186 пати, па им прати порака на полицајците

ОБЈАВЕНО НА:

Холанѓанец кој бил изнервиран од страна на полицијата поради честите полициски проверки на задната шофершајбна постави натпис со кој ги предупредува органите на редот дека нема смисол повеќе да го запираат бидејќи не е дилер на наркотици. Во последните 18 месеци, Кевин Пенинг бил запрен цели 186 пати само затоа што возел BMW.

„Живеам во Белгија, но патувач често до Холандија по работа и секогаш треба да им објаснувам на полицајците од оваа земја, дека моето возило не е скапо. Во Белгија може да се најде дури и за 12.000 евра. Кај нас можеби чини повеќе, но данокот е многу повисок и полицајците ме сметаат за дилер“, вели Пенинг.

Тој вели дека автомобилот го купил пред десет години за 20.000 евра, но и покрај тоа постојано го запираат. Секој пат ми објаснуваат дека е ризичен контингент бидејќи често ја минувал границата со Белгија и возел сомнителен автомобил.

Во обид да си заштеди време и повеќе да не го запирааат тој со натпис на задната шовершајбна на интересното BMW 635d напишал: “До холандската полиција: Заштедете ги напорите. Овој автомобил е запрен 186 пати за проверка за наркотици!“

Следете не и на:

24AUTO NETWORK