Го сменија Дитер Цече од Daimler

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најуспешните менаџери во автомобилската индустрија Дитер Цече ја напушта позицијатa на Претседател на Управниот одбор на Daimler AG и генерален директор на Mercedes-Benz, објавија од концернот. Роден во 1953 година во Истанбул бизнисменот го предводеше германскиот производител 12 години и беше дел од некои од неговите најголеми успеси.

Токму во мандатот на Цече започна соработката со Алијансата Renault-Nissan, што доведе до појавата на новата генерација Smart, пикап Mercedes-Benz X-Klasse врз основа на Nissan Navara и Citan (нашминкао Renault Kangoo). Под управувањето на Цече, Mercedes-Benz ги зацврсти позициите во луксузниот сегмент.

Цече започна и развој на автомобили, за кои дури беше формиран посебен подбранд EQ. Тимот на Mercedes-AMG во Формула 1 е практично непобедлив во последниве години. Заедно со ова, шефот на Daimler AG успеа да ги намали производните трошоци, да ја зголеми профитабилноста и да се зголеми приходите.

Единствено што најверојатно ќе остане како минус во владеењето на Цече е ненадејната појава на кинескиот бизнисмен и сопственик на Geely и Volvo меѓу крупните акционери во концернот. Шуфу успеа да купи 9,69 %, што го прави најголем приватен инвеститор во Daimler AG. Тој, сепак, мораше да купи акциите на слободниот пазар, бидејќи Цече одби да му ги продаде со попуст.

Многумина експерти прогнозираат дека иако Дитер Цече се повлекува од активната работа следната година, од Daimler AG не се подготвени да се разделат со него. Во 2021 година тој ќе влезе во Надзорниот одбор на концернот, каде што ќе го замени Манфред Бишоф.

За нов Претседател на Управниот одбор на Daimler AG и генерален директор на Mercedes-Benz е избран 49-годишниот Швеѓанец Ола Калениус, фаворит за позициите веќе три години. Во својата долга кариера во Штутгарт тој бил шеф на Mercedes-AMG, го предводел и одделот за маркетинг и бил член на одборот на директори. Потпишан е петгодишен договор со Калениус.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK