Го „слушале“ Google и завршиле на калива ливада

ОБЈАВЕНО НА:

Google сервисите се доста корисни и имаат за цел да олеснат многу работи кои секојдневно ги извршуваме. Но тоа не е секогаш така. Во серијалот “И Google Maps греши” пред неколку месеци објавивме како турски возач на камион наместо на автопат заврши сред национален парк во Австрија, а сега доаѓа нова епизода.

Имено, повеќе од 100 возачи верувајќи им на насоките на Google Maps наместо на саканата локација завршиле на ливада полна со кал.

Сето ова се случило во Денвер, град во сојузната американска држава Колорадо, а за сведоштвата локалната телевизија подготви целосен прилог прикажан во продолжение.

Значи не верувајте слепо на Google maps. Понекогаш прашајте некого, имајте карта, проверете го патот пред да тргнете..

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK