Голем број на автомобили вредни стотици илјади евра има не само во Дубаи и Абу Даби туку и низ многу други земји во светот. Едно темно црвено Bugatti Veyron веќе неколку години собира прав во подземен паркинг во Москва и служи како место каде што секој го тренира својот краснопис.
Хиперавтомобилот имал свој сопственик, кој го купил доста импулсивно за време на посетата на Астрахан. Човекот поминал некое време возејќи го, а потоа го оставил на бесплатен паркинг.
Сопственикот од пред неколку години е заминат во странство и оттогаш за ова Bugatti Veyron не се интересира никој. Некој ја украл прекривката, па сега по целата каросерија има голем број на натписи.