Кражбата на автомобил е нешто што никој не би сакал да му се случи. Потрагата по истиот завршува најчесто безуспешно по само неколку месеци кога сопственикот едноставно ќе крене раце.
Многу повеќе среќа имал Томи Кук кој успеал да го пронајде автомобилот Chevrolet Camaro од 1969 година, цели 17 години откако му бил украден.
Автомобилот во 2003 година бил украден во Арлингтон, а Кук го пронајдол во авто сервис во Мериленд.
“Никогаш не го отпишав автомобилот. Знаев дека еден ден ќе го добијам назад. Не знаев точно каде е, но знаев дека е тука некаде” изјави Кук.
Кук на интернет најшол оглас за Camaro автомбил, а кога отишол да го види, го забележал црвениот Camaro кој на крај се покажало дека е неговиот.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]