Го казниле затоа што пеел во својот автомобил!

ОБЈАВЕНО НА:

Пребарувајќи го интернет просторот за најлудо изречените казни стигнавме до приказната на Тауфик Моала. Овој несреќен канаѓанин пред неколку години бил казнет од полицијата во Монтреал, верувале или не, поради тоа што пеел во својот автомобил.

Полицијата му изрекла казна во висина од 149 канадски долари што е приближно на 100 евра. Тој во својот автомобил понесен од нумерата “Gonna Make You Sweat (Everybody Dance Now)” која во моментот била на локалната радио станица запеал на глас.

Тауфик открива дека полицаец најпрво му ги побарал личните документи по што се одалечил од неговото возило и влегов во патролното возило. По неколку минути тој се вратил кај него, но со веќе изречена казна. “Не очекував дека ќе ме казнат за ова” изјави тој.

Неговата сопруга во комична изјава за локалната ТВ станица изјави дека таа за неговото пеење лично би го казнила со 300 долари.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK