Го казниле за пречекорување на брзината од 1 км/ч.!

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата е одговорна за смирување на темпераментните возачи кои се обидуваат да возат побрзо од дозволеното, понекогаш посакуваат и да дивеат на патиштата. Казните за прелекорување на брзината се различни, а некогаш откако ќе бидете фатени добивате само предупредување, со надеж дека тоа ќе делува на вас поучно и во иднина ќе бидете по внимателни.

Но, не секогаш полицијата е расположена да делува превентивно, туку веднаш се фаќа за тефтерот со казните. Жител на канадската провинција Алберт бил санкциониран откако возел над дозволената брзина на приградски пат и тоа за 1 км/ч. Според Метју Гање полицаецот кој го казни, изјави дека со своите постапки “покажал непочитување” кон силите на редот.

А бидејќи „каде што има сила нема правдина“, казнетиот возач решил за овој случај да напише на социјалните мрежи. И тоа привлекло внимавние кај медиумите.
Дури тогаш станало јасно дека санкцијата е незаконска, бидејќи брзината е измерена “од око” и без употреба на радар. Парична казна од 78 канадски долари (€ 53) била откажана.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK