Го фатиле за брзо возење на исто место дури 42 пати

ОБЈАВЕНО НА:

Австриецот Хајмо Валнер стана познат меѓу своите сонародници откако доживе несекојдневен момент откако ист радар го има фотографирано дури 42 пати додека се возел до работа. Тој не знаел дека на тоа место ограничувањето на брзината е 30 километри на час и редовно возел побрзо од дозволеното.

Пекарот од Фризах, кој пред неколку недели успеал да најде работа во Клагенфурт, па после секоја ноќна смена возел по истиот пат до дома. На тој пат се наоѓа радар и зона со ограничување од 30 километри на час, а Валнер тоа не успеал да го види.

„Не видов дека поминувам низ зона со ограничување. Секогаш беше мрачно, а јас бев многу уморен“ објасни Валнер.

За неколку недели тој доби бројни казни, а очекува уште. Досега Валнер мораше да плати околу 3000 евра како казна, а веќе ги има платено оние кои се стигнати на негова сметка бидејќи смета дека вложувањето на жалба ќе биде и прескапо и предолго.

Поради казните пекарот кој е татко на шест деца морал да се откаже од одморот во Грција иако од службата во општината му скинале дел од казните со образложение дека првпат некој прави прекршок на исто место дури 42 пати. Сумата која му е намалена е околу 300 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK