Го „фатија“ новото Picanto на улица

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата седмица Kia Motors ги пушти во јавност првите скици околу изгледот на новиот модел Picanto за 2017 година. Папарацо фотографите во Ј.Кореја веќе се пофалија дека успеале да го „фатат“ новиот модел како се тестира на улиците.

Според фотографиите новото Picanto има променета предница, вклучувајќи и превземени делови од моделот Kia Rio. Ова е трета генерација на моделот Picanto, што во Ј.Кореја ќе го носи името Kia Morning.

A пред неколку дена се појавија официјалните скици кои го навестија изгледот на возилото.

Во предниот дел на автомобилот има промени кај светлата кои сега имаат поагресивен изглед, познатата предна решетка, има и промена на местата на светлата за магла, во логото на Kia и предниот браник.

Каросеријатa е неколку сантиметри подигната и има појасна линија гледано од страна. Страничните врати изгледаат посплескани, па се добива впечаток на поголем автомобил иако реално неговите димензии се помали.

Внатрешноста на Kia picanto 2017 е целосно преработен. Воланот е со три крака, таблата има нов дизајн како и централната конзола, и додаден е дисплеј кој е повпечатлив а се однесува на инфотеинмент системот.

На пазарот Kia Picanto 2017 ќе биде со трицилиндричен, еднолитарски мотор или 1,25 литарски познат од семејството Kappa. Најверојатно основниот модел ќе биде со петстепен менувач, а автоматскиот би требало да биде опција за нарачување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK