GM влегува во трката – инвестира 300 милиони долари во EV

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla и Ford не остануваат сами, General Motors се приклучува во трката во сегментот на електрични возила, објавуваат од компанијата. Во официјално соопштение се вели дека компанијата ќе инвестира околу 300 милиони американски долари во фабриката Орион Тауншип, во близина на Детроит.

Како што пренесува Ројтерс, оваа инвестиција ќе биде насочена кон модернизација и прилагодување на фабриката со цел оспособување на истата за производство на електрични и автономни возила. Неофицијално медиумот дознава дека во оваа фабрика ќе се произведува самовозачкиот модел Cruise, но засега оваа информација е без официјална потврда од американскиот производител.

Од информациите брифирани од претходно, во наредниот период Chevrolet, производител дел од GM, ќе ги лансира и електричните модели Bolt и Cruise, а покрај во САД ќе се произведуваат и во Кина. Токму во овие две земји ќе бидат дистрибуирани овие модели, а во овој отпаѓа Европа од каде пред неколку години GM во целост се повлече.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK