GM со овој електромобил ќе „брка“ 1 милион возила годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Wuling Mоtоrs од Кина го претстави првиот електромобил. Тоа не е ниту кросовер, ниту седан, туку претставува мала машина во стил на јапонските К-автомобили. Се нарекува Wuling ЕV.

Важно објаснување е дека Wuling Mоtоrs е компанија во целосна сопственост на кинескиот концерн SАIС Mоtоr и американскиот гигант Gеnеrаl Mоtоrs.

Новиот модел треба да му помогне на GM да го исполни ветувањето дека ќе го достигне нивото од еден милион електрични автомобили годишно.

Основната предност на Wuling ЕV e неговата релативно ниска цена (иако сè уште не е позната. Во крајна сметка овој автомобил ќе биде колку е можно поевтин, а батериите че се со капацитет од само 14 kW/h. Максималната моќност на моторот ќе биде 27 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK