GM лансира 30 нови електромобили до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот гигант од САД, GM објави амбициозен план за развој на своето глобално портфолио, кое предвидува одделните одделни и брендови на компанијата да ги стартуваат продажбите на 30 нови електрични автомобили до 2025 година. Според официјалното соопштение на компанијата, во следните пет години ќе биде направена инвестиција од 27 милијарди американски долари во развјот и лансирањето на целосно електричните и автономни автомобили.

Повеќе од 60% од новите електрични модели на GM ќе бидат достапни за потрошувачите во Северна Америка и тие ќе можат да бираат меѓу понудите од брендовите Cadillac, GMC, Chevrolet и Buick, кои ќе одговорат на различни потреби – од понуди за работа, преку спортски модели до семејни варијанти.

Основен акцент во електричната офанзива на GM ќе биде батерискиот систем Ultium, која при лансирањето на пазарот ќе понуди неколку варијанти во однос на капацитетот, а во тој дел и таков кој е ветува автономија од над 700 километри.

Во однос на технологијата на батерии Ultium, од GM коментираат, дека нејзината втора генерација, на која веќе се работи, ќе понуди двојно зголемување на капацитеот на елементите, како и цена, која ќе биде со 60% подостапна од актуелните понуди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK