General Motors планира активно да се вклучи во сегментите на електрични возила и да заземе значајно место на овој пазар. Како што соопшти самата компанија, во наредниот период ќе бидат инвестирани 2,2 милијарди долари за таа цел.
“Со помош на оваа инвестиција, GM ќе направи голем чекор во иднината” изјави претседателот на компанијата Марк Ројс.
Овие финансиски средства ќе бидат инвестирани во модернизација и приспособување на фабриката во Детроит каде ќе се произведуваат електрични возила. При тоа оваа инвестиција ќе донесе и нови 2.200 работни места.
Прво електрично возило кое ќе се произведува во оваа фабрика ќе биде всушност електричниот пикап, а тука ќе се произведува и автономниот Cruise Origin.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]