GM ги напушта пазарите на неколку земји и го укинува брендот Holden

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors направи големи рестрикции во своето глобално присуство напуштајќи неколку национални пазари како и укинувајќи еден бренд.

Еден од најголемите американски производители официјално објави дека во наредниот период компанијата ќе се повлече од Австралија и Нов Зеланд, а од следната година нема да се продава ниту еден автомобил под брендот на Holden.

Истовремено, компанијата ќе се повлече и од Тајланд, а производствените капацитети во оваа земја ќе ги продаде на кинескиот производител Great Wall Motors.

Со овој потег се очекува компаниајта да заштеди големи финансиски средства на среден рок, но за да го спроведе овој план ќе мора најпро да плати нешто над една милијарда американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK