Toyota, Volkswagen и Renault-Nissan и понатаму се компании кои убедливо најмногу испорачуваат возила на светскиот пазар. Тие се убедливо пред конкуренцијата на светскиот пазар, а за разлика од 2017 и 2018 година кога број 1 и 2 беа Renault-Nissan и Volkswagen, сега на половина а 2019 година ситуацијата е поинаква.
Toyota е повторно број 1 со 5,46 милиони продадени автомобили што претставува пораст од 4,1 процент во однос на истиот период минатата година.
Volkswagen и Renault-Nissan забележаа пад на продажбата. Volkswagen group ширум светот испорача 5,36 милиони патнички возила (пад од 2,8 проценти), додека алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi забележа пад од 8,6 отсто продавајќи 5,08 милиони возила.
Очигледно е дека на купувачите влијаеле негативните вести за апсењето на директорот на групацијата и на Nissan, Карлос ГОн и неуспешните преговори околу спојувањето на Renault и Fiat.