Традиционалниот избор на „Автомобил на годината во Македонија“ се одржува во 26. пат. Националното Жири за Избор на „Автомобил на годинава“ реши еден глас да добие финалистот што ќе има најмногу гласови од јавноста.
Од денеска почнува On-line гласањето во Изборот за „Автомобил на годината во Македонија за 2021“.
Во годинешниот Национален Избор за „Автомобил на годината во Македонија за 2021„ еден рамноправен глас при изборот ќе биде доделен врз основа на гласањето на јавноста. Моделот (финалист) што ќе добие најмногу гласови од јавноста ќе добие еден глас и тој ќе биде рамноправен заедно со гласовите на членовите на Жирито и гласот на финалистите.
Онлајн гласање се спроведува преку платформата на www.COTY.mk (Автомобил на годината) каде е поставена анкетата.
Со цел за порелевантни резултати од гласање, направени се ограничувања, и ќе биде возможно гласање за еден финалист само од IP адреса од Македонија. Исто така ќе биде можно да се гласа само еднаш во период од 24 часа.
Гласањето ќе трае до 28 февруари 2021 година до 23.59 часот.
Во функција на подобро запознавање на публиката со финалистите, на платформата на www.COTY.mk поставени се кратки претставувања на сите финалисти, а исто така сите финалисти ќе добијат и соодветна застапеност во медиумите со кои соработува Националното Жири.
Националното Жири ќе овозможи што е можно поголем број на лица да бидат запознаени со Изборот и гласањето. Поставени се линкувани банери кај медиумите кои го поддржуваат Националниот избор на Автомобил на годината во Македонија.
Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2021 во Македонија, ве потсетуваме дека Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):
Citroen C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf
Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 26. пат го организира Изборот.
Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, Националното Жири ќе додели и признанија:
* „СУВ на годината“
*„Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
* EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.