Светскиот гинисов рекордер Honda Civic Tourer, која пред две години во период од 25 дена помина низ 24 држави, деновиве тргна на последното патување. Автомобилот се упати кон Гајдон, во областа Ворквикшир, каде ќе стане дел од постојаната изложба на британскиот музеј за мотори.
Гинисовиот рекорд беше постигнат во јуни 2015 година, кога тим на Honda UK се упати на неверојатно патување во 24-те членки на Европската унија, во период кога Велика Британија беше дел од унијата. Најзначајниот дел од целото патување беше економичноста на возилото, а вкупно поминале речиси 13.500 километри.
За време на патувањето застанале девет пати за да го наполнат резервоарот за гориво, односно, во просек поминувале по околу 1.500 километри пред да застанат за гориво, и при тоа потрошиле 459 фунти. Со тимот патувале и двајцата инжењери од Honda – Фергал Мекграт и Џулијан Ворен.
Музејот каде ќе биде изложен автомобилот се издвојува по бројот на возила кои имале некаква улога во историски случувања во Британија, и е еден од најдобрите британски музеи со автомобилски поставки.