Ги сменивте гумите: Знаете ли колку да ги пумпате во зима?

ОБЈАВЕНО НА:

Едно многу интересно прашање е поврзано со гумите односно со притисокот во нив и со тоа колку тие треба да бидат напумпани во текот на зимата за да може да се има безбедно и удобно возење. При пад на температурата на воздухот од десет степени правилото вели дека притисокот во гумите треба да биде намален до 0,2 бари.

Затоа во продолжение ќе можете да дознаете повеќе околу тоа каков треба да биде притисокот во гумите во текот на зимата. Факт е дека повеќето луѓе сакаат да ги напумпаат добро гумите при смена на сезоната, а после само фрлаат поглед за да видат дали има некаква деформација.

За жал тоа води не само до дополнителни трошоци, туку и многу го зголемува ризикот за патниците. Контактот на гумата со површината на патот е со голема на наметка. Од толку малку зависи однесувањето на автомобилот, способноста да сврти, да запира и да внимава на контактот дури и на лизгава подлога. Сепак, ако гумата не е правилно напумпата, контактната површина значително се намалува. Кога се вели „правилно“ се имаат предвид двете крајности.

Недоволно напумпаната гума се деформира и по патот се движи само со рабовите на шарите. Од друга страна, пренапумпаната гума, пак, се надувува во средината и контактната површина се стеснува. И во двата случаи растојанието се влошува, а патот за сопирање се зголемува и тоа за многу. Тука не треба да се зборува за тоа дека самата гума се троши многу побрзо.

За жал разлики во притисокот од неделку десетинки бари не можат да се видат со голо око. Во исто време гумата неизбежно губи воздух со тек на времето, а понекогаш доста брзо, ако маршрутата вклучува нерамнини, легнати полицајци и друго.

Затоа советот е редовно односно еднаш месечно да се проверува и корегира притисокот. Манометарот нема да ве чини многу. Во последните 20 години на сите автомобили има упатства кој притисок е правилен, со уште еден дополнителен услови, а тој е ако превезувате тежок товар.

Убавао е да ги пумпате гумите пред да се загреа односно после не повеќе од 2-3 километри бавно возење. Ако, сепак, ситуацијата е поинаква, тогаш додајте околу 0,2 бари кон показателот на манометарот. Потоа проверете го пак притисокот кога гумите ќе се изладат.

Причинат е очигледна. Загреаниот воздух се шири и притисокот расте. Десет степени пад во температурата можат да го намалат притисокот во гумата за 0,1-0,2 бари. Од таа причина некои производители советуваатдека преку зимата треба гумите да ги пумпате малку повеќе. Други, пак, се воздржуваат од таква препорака веројатно бидејќи ризикот од преголем притисок може многу да го влоши управувањето на вашиот автомобил. Затоа е подобро преку зимата почесто да го проверувате притисокот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK